• Иван Димовски
Фудбалерите на Работнички први стигнаа до гол на тешкото гостување во Кратово кај Силекс (0-1).
Течеше 20. минута од средбата кога Али Регба го отвори резултатот. Ирскиот интернационалец доби топка од Ермедин Адем, добро издрибла и излета сам пред голот на Љупче Џеков, забележа дека голманот е истрчан и одмерено го лобува.
Ова е четврти сезонски гол за левото крило на Работнички. Регба претходно погодуваше против Воска, Шкупи и Тиквеш.