• Мартин Танасковски

Македонскиот фудбалер Али Адем го комплетира трансферот во Грција и го облече дресот на Арис од Солун.
Младиот вардаров играч како слободен замина кај нашиот јужен сосед, а со Арис потпиша четиригодишен договор. Вели дека му е чест што ќе го носи дресот на овој тим и ќе игра пред најдобрите навивачи во Грција.
„Трансферот во Арис е остварување на сонот. Причината поради која го одбрав овој тим се лудите навивачи кои се најдобри во Грција, а можеби и најдобрите во Европа. Чув многу работи за нив. Се надевам дека коронавирусот ќе помине што е можно побрзо и ќе имам шанса да играм пред полни трибини“, изјави Адем.
За 20-годишниот фудбалер кој игра во средниот ред ова ќе биде прв интернационален предизвик.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.