• Мартин Танасковски
Новото засилување на Шкендија, Адаму Алхасан, ќе може да дебитира за тетовчани откако се надминаа проблемите со документите на играчот.
Алхасан е 23-годишен играч од средниот ред, а минатата година за гостиварчани одигра вкупно 29 натпревари, но ниту еднаш не се запиша во листата на стрелците. Дојде пред два месеци во Шкендија, но не дебитираше поради административни проблеми.
„За среќа ги надминавме сите проблеми. Погрешен документ кој ми беше издаден од мојата земја Нигерија ги искомпликува работите, но сега мислам само позитивно. Благодарност до клубот за тоа што го направи за документацијата да се заврши во најдобар можен ред. Ќе вратам на терен со добри партии“, изјави Алхасан.
Нигериецот се очекува да се најде во ростерот на Шкендија на натпреварот против Шкупи, кој се игра по репрезентативната пауза, на 15 септември на стадионот „Чаир“.