• Зоран Мишевски

Еквадор вечерва беше поразен од Сенегал со 1-2, во натпреварот од третото коло од групата А на Мундијалот и натпреварувањето го заврши на третото место во групата. Иако оставија одличен впечаток и против Катар и против Холандија, момците на Пабло Алфаро загубија во клучниот натпревар и дозволија првакот на Африка да заврши пред нив во групата А.
„Многу тежок удар за нашата репрезентација, голема фрустрација. Елиминацијата е болна. Но, Еквадор не смее да го загуби од вид она што го направија овие момци. Ова е нашата млада генерација. Ова е искуство кое ќе им користи во иднина.
Мали детали ја направија разликата, а поради тие детали сме елиминирани. Дали ќе останам на клупата на Еквадор е лично прашање. Ќе ми треба малку време да одлучам за остатокот од мојата кариера. Сега не е време за таква одлука. Морам да направам мала пауза, да видам дали сакам да продолжам со работа. Во моментоv исклучително сум тажен“, искрен беше Алфаро.
Еквадот внесе многу брзина и новини во јужноамериканскиот фудбал, собра многу симпатии, но кога најмногу требаше потфрли и го заврши овој Мундијал со само три натпревари.