Ален Јашароски новајлија во нападот на Ренова

Тетовска Ренова донесе ново име во нападот и потпиша договор со искусниот Ален Јашароски.

Напаѓачот доаѓа како слободен, а последен пат го носеше дресот на Македонија Ѓорче Петров, тим со кој не ја продолжи соработката. 28-годишникот се очекува да даде голем придонес за „гипсарите“, посебно по заминувањето на Бојан Миовски.

Јашароски во кариерата покрај за Македонија ЃП настапуваше и за Шкупи, Еуромилк, Работнички, Хоризонт Турново, Скопје и Металург, а има и една интернационална авантура, во редовите на косовска Приштина. Ренова гради тим затоа што покрај во ПМФЛ ја чекаат предизвици и во квалификациите за Лигата на Европа.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.