Алексис Санчез по 18 години го напушти европскиот фудбал

По 18 години минати на европската фудбалска сцена, Алексис Санчез ја продолжува кариерата во Северна Америка. Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Чиле потпиша двегодишен договор со Монтреал, клуб кој се натпреварува во МЛС-лигата.

Со овој трансфер завршува неговото долго и богато европско поглавје, во кое настапуваше за неколку од најпознатите клубови на Стариот континент, меѓу кои Барселона, Арсенал, Интер и Севиља.

37-годишниот напаѓач беше во потрага по нов клуб по истекот на договорот со Севиља. Иако шпанскиот прволигаш му понудил продолжување на соработката за уште една сезона по обезбедениот опстанок во лигата, Санчез решил да не ја прифати понудата и да побара нов предизвик.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.