• Саше Љолес
Аргентинскиот фудбалер на Ливерпул, Алексис МекАлистер, официјално е избран за најдобар играч во Премиер лигата за месец април.
МекАлистер периодов впиша два гола и една аситенција, со што првпат во кариерата го заслужи ова признание. Неговиот Ливерпул во април забележа четири победи и еден пораз, а исто така успеа и да ја освои шампионската титула по победата над Тотенхем со убедливи 5-1.
Тренерот на Вулверхемптон, Витор Переира, ја доби наградата за најдобар стратег. Неговите „волци“ минатиот месец забележаа пет победи во исто толку натпревари и го обезбедија опстанокот во елитното англиско друштво.