• Мартин Танасковски

Македонскиот тренер Александар Васоски реши да си поднесе оставка во Сараево, по ремито во големото дерби против Железничар (1-1).
Стратегот пристигна во клубот оваа зима од редовите на Академија Пандев и иако правеше се за да ја стабилизира екипата, сепак, работите не одеа според планот. Иако го чека Куп-финале и меч за титула и излез во Европа, популарниот „Тетовче“ си даде оставка.
„Сакам да предизвикам позитивен шок во екипата пред финалето во Купот против Вележ. Размислував да си заминам уште по мечот со Борац, но мислев дека ќе победиме со Радник и Железничар. Не го направивме тоа со Железничар и тоа е тоа. Благодарност до сите“, изјави Васоски по оставката.
Александар Васоски покрај во Сараево и Академија Пандев работеше уште во тимот на Вардар.