• Мартин Танасковски

Екипата на Академија Пандев ќе има нов тренер затоа што Александар Васоски реши да го напушти кормилото на струмичани.
Некогашниот македонски репрезентативец се врати во Струмица, успеа да го извади тимот од кризата, но последниот пораз од Тиквеш ја прели чашата кај стратегот.
Васоски по домашниот пораз каде Академија Пандев беше голем фаворит реши да си поднесе неотповиклива оставка која беше прифатена.
Македонската легенда му посака се најдобро на тимот во иднина и двете страни пријателски се разделија.