Александар Васоски поднесе оставка по поразот од Работнички

Оваа 2022 година нема по добро да ја памети Александар Васоски. Поранешниот легендарен македонски репрезентативец си поднесе оставка од тренерската позиција во Академија Пандев, откако не победи на ниту еден натпревар откако се врати од Сараево.

„Пандевци“ два месеци се без победа, а денешниот неуспех против Работнички ја „прели чашата“ и тетовчанецот донесе одлука да ја понуди својата оставка. Васоски се врати во Струмица во септември, менувајќи го Стојчев, кој ја водеше екипата во квалификациите на Лига Европа. 

„По последниот пораз и серијата на лоши резултати, ја преземам одговорноста и поднесувам оставка од клупата на Академија Пандев. На клубот му посакувам успеси во иднина“, објави Васоски на социјалните мрежи.

Академија Пандев е претпоследна со осум бода, а следниот викенд во 13. коло ќе гостува во Тетово против Шкендија на Ќатип Османи