Александар Васоски пак го облече дресот на Ајнтрахт Франкфурт!

Некогашниот македонски стопер Александар Васоски остави голема трага во Бундеслигата и важи за легенда на тимот на Ајнтрахт Франкфурт чиј дрес го носеше од 2005 до 2011 година.

По долго време, популарниот „тетовче“, кој сега е тренер, но нема ангажман, повторно го облече дресот на славниот бундеслигаш. Причината е проштален натпревар на Александар Мајер, кој замина во пензија пред нешто околу две години. Но, тој беше во Австралија, се пензионира како член на Вестерн Сиднеј Вандерерс. Сега, откако се врати во Германија, клупски легенди на Ајнтрахт Франкфурт и членови на Хамбургер (втор германски клуб за кој тој играше) му подготвија проштален натпревар.

Александар Васоски ќе игра на овој дуел во чест на Мајер. Германецот кој има 39 години беше дел од нападот на Ајнтрахт Франкфурт од 2004 до 2018 година.