• Мартин Танасковски

Македонија доби уште еден тренер со УЕФА Про Лиценца, откако Александар Таневски, тренерот на Скопје, објави дека успешно ја заврши програмата за стекнување на највисоката лиценца.
42-годишниот Таневски ќе игра бараж со „пиратите“, а истовремено е и селектор на новата У20 селекција на Македонија. На кормилото на националниот тим, тој досега имаше два натпревари.
Таневски е во македонскиот фудбал како стратег од 2018 година. Покрај што сега го води Скопје, претходно ги водеше и прволигашите Беса Добридол, Македонија ЃП и Академија Пандев, сега Брера Струмица.


