Александар Стојанов нов координатор на младинската школа на Беласица

Фудбалскиот клуб Беласица преку социјалните мрежи извести дека Александар Стојанов е нов координатор на младинската школа. 

Струмичани располагаат со завиден квалитет и талент, па решија да доведат искусно име да ги менаџира младите фудбалери. Стојанов оваа функција ја вршеше и во Академија Пандев и тоа со голем успех, па сега ќе го работи истото и во Беласица. 

Инаку, Стојанов има и тренерско искуство. Тој во минатото имаше два мандати како шеф на стручниот штаб на Беласица, додека во таборот на „пандевци“ беше помошник тренер.