• Мартин Танасковски

Македонскиот судија Александар Ставрев ќе има меѓународни обврски за време на репрезентативните натпревари.
Нашиот арбитар ќе се најде на центарот на натпреварот меѓу Босна и Херцеговина и Грузија кој се игра во Зеница на стадионот „Билино Поле“.
Помошници на Ставрев ќе бидат Куштрим Лима и Даниел Василевски. 44-годишниот Ставрев е во судиските води од 2006 година и важи за моментално наш најдобар арбитар.
Натпреварот меѓу БиХ и Грузија се игра в петок од 20:45 часот.