Александар Ристевски замина од Брера и ќе бара нова средина

Екипата на Брера Струмица по крајот на сезоната во Првата македонска фудбалска лига се раздели со еден од најискусните во тимот, Александар Ристевски. 

Откако истече едногодишниот договор, искусниот дефанзивец ќе побара нов предизвик во кариерата. Ристевски пристигна во Брера минатото лето од редовите на Брегалница, беше еден од стандардните играчи и во ПМФЛ запиша 28 настапи на кои постигна еден погодок против екипата на Тиквеш. 

Сепак, Ристевски во новата сезона ќе побара и нова средина. Во својето портфолио 32-годишникот има доста македонски клубови. Тој започна во првиот тим на Пелистер, па беше дел од Скопје, Металург, Младост Царев Двор, Победа, Струга, Работнички и Брегалница во земјава, додека во странство беше дел од албанска Влазниа и косовска Приштина.