ВИДЕО: Александар Митровиќ стана голгетерски крал на Чемпионшип!

Српскиот центарфор Александар Митровиќ испиша историја и стана најдобриот стрелец во една сезона во историјата на Чемпионшип лигата.

27-годишниот фудбалер стрела од белата точка на натпреварот против Питерборо и дојде до бројката од 32 постигнати погодока во една календарска сезона.

Репрезентативецот на Србија во историјата го испрати Ајван Тони кој лани во дресот на Брентфорд постигна вкупно 31 погодок.

До крајот на Чемпионшип лигата има уште 14 кола и Митровиќ може да стане недостижен доколку продолжи да тресе мрежи во ист ритам.

Состави

Marco Silva

4-4-2