• Симеончо Стоиков
Поранешниот репрезентативец на Македонија, Александар Лазевски својата кариера ќе ја продолжи во шампионатот на Босна и Херцеговина, каде што треба да потпише за вицешампионот на оваа држава, екипата на Слобода Тузла.
Левиот бек, кој сезонава ја заврши во српски Младост, веќе утре ќе се приклучи на новиот клуб, со кој ќе отпатува на подготовки во Словенија. Тој за Слобода ќе претставува деветто сезонско засилување, откако денес клубот од Тузла претстави дури осум нови фудбалери, што практично значи во новата сезона ќе настапи со нов состав, а ги очекува и настап во квалификациите за Европа лига.
Лазевски покрај за Младост во својата кариера има настапувано и за Партизан, Телеоптик и Рад во Србија, Хорвел (Украина) и Олимпија од Љубљана.