• Мартин Танасковски
Во пресрет на почетокот на пролетната полусезона екипата на Беласица се засили со квалитетен играч од нападот кој ќе биде огромно освежување во ростерот.
Александар Богданоски, кој е роден во 2005 година и игра како централен напаѓач, потпиша договор со македонскиот второлигаш и ќе биде задолжен за тресење на противничките мрежи.
Богданоски во тимот на Беласица доаѓа од екипата на Кожуф, а претходно беше дел и од Шкупи.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.