Алекс Телес од Јунајтед е прва желба на Мурињо за замена за Спинацола

Едно од горчливите проблеми на Рома во тековниот преоден рок ќе биде алтернативата за повредениот Леонардо Спинацола. Италијанскиот бек одигра фантастично на ЕП, но неговиот спринт во самиот финиш од дуелот со Белгија беше кобен, затоа што се здоби со повредата на Ахиловата пета и го чека долга пауза.

Затоа новиот предводник на „волчицата“ мора да бара замена за одличниот Италијанец. Првото име на списокот на „специјланиот“ беше Рами Бенсебаини од Борусија Менхенгладбах, но цената од 30.000.000 се испостави како превисока за Рома. 

Пред извесен период се споменуваше и премин на нашиот репрезентативец Езџан Алиоски, а денес се појави информацијата дека Алекс Телес е прва желба на Жозе Мурињо. Бразилецот со италијански пасош минатата сезона ја преседе на клупата за резерви на Манчестер Јунајтед, затоа што Лук Шо играше во одлична форма и беше еден од најдобрите поединци во тимот на Оле Гунер Солскјер.

Рома сака да ја искористи оваа ситуација и ќе испрати понуда до англискиот гигант за едногодишна позајмица за левиот бек.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.