Алекс Сандро во историјата: Се израмни со Недвед, даде гол и со солзи се прости од Јуве (ВИДЕО)

Екипата на Јувентус со победа над Монца (2-0) ја заврши сезоната во Серија А. Овој натпревар на „Алијанц Јувентус стадиум“ во Торино беше последен во дресот на „старата дама“ за Алекс Сандро. 

Бразилскиот бек ја доби капитенската лента и влезе во историјата на клубот. Сандро се израмни со Павел Недвед по бројот на настапи (вкупно 327), со што заедно се странци со најмногу натпревари за Јувентус.

Покрај тоа Алекс Сандро даде и гол на простувањето од клубот, а при замената беше значително емотивен и не успеа да ги задржи солзите. 

  • Извештај од натпреварот:

Инаку, Јувентус е третопласиран, ама Аталанта која има два натпревари помалку со две победи може да го преземе третото место.