• Саше Љолес

Досегашниот играч на Јувентус, Алекс Сандро, замина од таборот на „бјанконерите“ и потпиша двегодишен договор со бразилскиот клуб, Фламенго.
Информацијата ја пренесоа италијанските медиуми, кои пишуваат дека 33-годишниот лев бек е веќе претставен во новата средина, каде се очекува да го пренесе своето огромно искуство од играњето во Европа.
Алекс Сандро ја почна кариерата во Атлетико Параненсе, а потоа играше во Сантос, Порто и Јувентус. Во дресот италијанскиот клуб одигра 327 натпревари и освои 12 титули, од кои шест скудета во Серија А.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во свето на ОВОЈ линк.