• Саше Љолес
По натпреварот меѓу Верона и Милан (0-1), тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри, даде прилично смирена и прагматична изјава.
Искусниот стратег посочи дека најважни во овој момент се бодовите, истакнувајќи ја повторно целта на тимот - пласман во Лигата на шампионите.
„Важна победа пред сè поради бодовите, а не поради убавината на играта. Моравме да бидеме трпеливи против добро организирана Верона. Ваквите натпревари често се решаваат со една шанса.
Одбраната одигра дисциплинирано и тоа беше клучно за овој минимален триумф. Целта е на дофат, но мора да одиграме добро и во следните кола. Сите сакаме следната сезона да играме во Лигата на шампионите“, рече Алегри.
Милан се врати на второто место во Серија А. Има 66 бода, исто колку и третопласираниот Наполи. До крајот на сезоната остануваат уште пет кола.












