Алегри смета дека Роналдо го „гуши“ Јуве, ѕвездата оди на трансфер листа

Италијанските медиуми се занимаваат со многуте тренерски смени на „чизмата“, кои досега во елитниот ранг ги имаше дури десет. Една од нив е и враќањето на Макс Алегри на клупата на Јувентус. 

Неговото доаѓање назад не би требало да доведе до драстични промени во филозофијата, но според „Кориере Торино“, Алегри сака да се ослободи од Кристијано Роналдо. Според медиумот, италијанскиот стручњак смета дека Роналдо го кочи развојот на екипата и го „гуши“ тимот.

Иако Јувентус во последното коло дојде до пласман во Лигата на шампионите, платата од 31 милион по сезона на Роналдо е сериозно оптеретување на буџетот. Покрај тоа, Португалецот не игра на исто ниво како во претходните сезони, незадоволството е видливо во неговите настапи, па иако беше најдобар стрелец во Италија, беше далеку под нивото. 

Алегри е спремен да се откаже од неговите услуги и Роналдо ќе биде сместен на трансфер листата, но нејасно е дали некој клуб може да ги задоволи неговите финансиски барања.