• Саше Љолес
Новиот тренер на Милан, Масимилијано Алегри, за италијанските медиуми изјави дека Лука Модриќ ќе пристигне во клубот на почетокот на месец август и веднаш ќе му се стави на располагање на стручниот штаб.
Хрватскиот генијалец се согласи на соработка со „росонерите“, а Алегри вели дека за него не е потребно специјално претставување.
„Лука доаѓа на почетокот на август и веднаш ќе се приклучи на тимот. Имаме добар колектив, но очекувам да се засилиме уште повеќе.
За Модриќ нема потреба да правиме специјално претставување, сите знаеме за каков професионалец се работи.
Со него во екипата ќе добиеме на искуство, квалитет и мудрост“, рече Алегри.
Хрватскиот репрезентативец го напушти Реал Мадрид после тринаесет години и првпат во кариерата ќе заигра во италијанската Серија А.


