Алегри одбил двегодишен договор од Борусија Дортмунд

Алегри

Италијанскиот тренер Масимилиано Алегри изненадувачки преговарал со екипата на Борусија Дортмунд.

По една година пауза од работата, 52-годишникот е подготвен да му се врати на фудбалот. Последните 12 месеци одлучи да паузира и да ги инкасира парите кои му преостанаа од договорот со Јувентус.

Многу го поврзуваа неговото име со ПСЖ, Реал Мадрид и Њукасл Јунајтед, а на крај италијанските медиуми откриваат дека тој бил контактиран од бундеслигашот. Наводно, тој добил понуда за за пониска плата, но на крај истата ја одбил.

Доколку го направеше овој чекор, ќе станеше вториот Италијанец кој бил на чело на „милионерите“. Во минатото една сезона во клубот работеше Невио Скала.

Поради лошите резултати на Јувентус, не се исклучува можноста одново да се врати во Торино, а постои опција да го замени Кике Сетиен во Барселона.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.