Алегри: Ние во Јуве сме џентлмени, не зборуваме за судењето!

Ривалството на Интер и Јувентус испиша нова страница по вчерашниот дуел на „Сан Сиро“. Тимот од Торино однесе победа со 0-1, со голот на Костиќ во првиот дел. На почетокот од акцијата Рабио, несакајќи играше со рака, па овој детаљ предизвика многу полемики по натпреварот.

Од ВАР-собата со минути го прегледуваа моментот и го признаа голот, а тренерот на Јуве, Макс Алегри не сакаше да зборува за ситуции во кои судиите имаа доволно време и видео-материјал да одлучат. 

„Ние во Јуве сме џентлмени и не сакаме да разговараме за судиите. Можеме да зборуваме за фудбал колку сакате, но не и за судиите. Знаете веќе што ни се случи нам против Салернитана, па не направивме проблем и притисоци со изјави и „плачење“.
Тогаш стануваше збор за објективен пропуст на ВАР-системот. Но, вечерва судиите ја видоа снимката десетици пати и не утврдија играње со рака од Рабио. Ако некој мисли спротивно тогаш тоа е субјективен став“, рече Алегри.

„Старата дама“ запиша две победи над Интер оваа сезона, откако во Торино славеа со 2-0. Двете екипи ќе се сретнат уште двапати во април, во полуфиналето на Купот на Италија.

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Масимилијано Алегри

    3-5-1-1