Алегри го исполни ветувањето: Роналдо против Аталанта ќе почне од клупата!

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри пред десетина дена даде ветување дека ќе го одмори Кристијано Роналдо и нема да биде стартер на еден од следните натпревари. Со оглед дека тоа не го направи на дербито против Рома, ќе го седне н ќа клупа на утрешниот дуел против Атланта.

„Роналдо ќе биде на клупата и ќе го гледа натпреварот заедно со мене. Многу сум задоволен од тоа што го прави оваа сезона. Ги гледав неговите статистики и видов дека ова е неговиот најдобар старт во кариера. Сепак, јас очекувам тој да биде најдобар во март, кога ќе дојдат клучните натпревари во Лигата на шампионите", изјави Алегри.

Португалецот по доаѓањето во Јувентус ги одигра сите 17 натпревари и најзаслужен е за најдобриот старт на Јуве во Серија А во клупската историја. Во досегашниот тек од шампионатот, Португалецот запиша 11 гола и пет асистенции.