Алегри: Го имавме Јувентус „во раце“, Леао мора да биде поубиствен во нападот!

Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, после натпреварот со Јувентус во Серија А (0-0), изјави дека неговиот тим морал да биде многу поефикасен во нападот и жали што „росонерите“ не се вратиле од Торино со целиот плен. 

Трофејниот стратег ги пофали своите избраници за пристапот и играта, но потенцираше дека шансите биле неискористени - особено пеналот на Кристијан Пулишиќ во 53. минута. 

„Одигравме балансирано прво полувреме, но потоа бевме подобриот тим на теренот. Во вториот дел бевме физички посилни, го имавме Јувентус во нашите раце, но не искористивме многу шанси. Тука мислам и на пеналот, но и на сите останати во текот на мечот. 

Мораме да бидеме убиствени во овие дерби мечеви, само така може да се освојуваат најважните бодови во сезоната. Ми се допадна пристапот и на Леао, тој не беше во акција 45 денови, но го даде својот максимум.

Знам дека класичен напаѓач треба да искористи барем една од 2-3 шанси, тоа е повеќе од јасно. На оваа позиција играше во францускиот Лил. Тој е генијалец, но мора да сфати дека може самиот да ги решава натпреварите“,  рече Алегри. 

Со ремито против Јувентус, Милан стигна до вкупно тринаесет бодови од шест одиграни натпревари. Следен предизвик за „росонерите“ е мечот против Фиорентина, кој ќе се одигра по репрезентативната пауза. 

ФОТО/PHOTO: acmilan.com