Алегри до директорите на Интер: Вие сте вреќа г**на, ќе завршите шести!

Јувентус не успеа да се пласира во финалето од Купот на Италија откако на реваншот загуби од Интер, а тренерот на „бјанконерите“, Масимилијано Алегри направил хаос по натпреварот во Милано.

Италијанските медиуми велат дека Алегри бил бесен, а имал вербален дуел со директорите на Интер. Пред соблекувалните, тој им се обратил со недолични зборови.

„Вие сте вреќа г**на, ама и онака ќе завршите на шестото место“, викал Алегри кон Бепе Марота и Дарио Бачин.

По оваа „конверзација“ со раководството на големиот ривал, Алегри им порачал на играчите дека мора да завршат пред Интер и да им го одземат местото во Лигата на шампионите. Јувентус во Серија А е во поволна позиција за таа борба затоа што му ги вратија одземените 15 бода.

Состави

Симоне Инзаги

3-5-2

    Масимилијано Алегри

    3-5-1-1