Алегри: Бонучи сака да носи капитенска лента? Нека си ја купи...

Масимилијано Алегри ја имаше првата прес-конференција како нов тренер на Јувентус. Пред медиумите тема беше и идниот капитен на „бјанконерите“. Прв капитен останува Џорџо Кјелини, додека заменик ќе биде Пауло Дибала.

Леонардо Бонучи беше еден од главните кандидати според медиумите, меѓутоа Алегри не заборави на кавгата која тие ја имаа при неговиот минат мандат, кога италијанскиот стопер замина во Милан, па се врати во Јуве по една година.

„Ако Бонучи ја сака капитенската лента, нека си ја купи и нека си ја носи. Тој знае дека на пример во последната година Манџукиќ и Кедира ми беа капитени во Јувентус. Капитените се бираат по времето кое го минале во клубот. Киелини е прв, потоа е Дибала. Леонардо по трансферот во Милан си го „поништи“ бројот на натпревари и почнува од нула“, изјави Алегри.

Алегри во новиот мандат во Јувентус ќе има за задача да го врати тимот на врвот на италијанскиот фудбал.