• Иван Димовски

Во рамките на 19. коло во германската Бундеслига, Борусија Дортмунд и Бохум пукнаа „петарди“ ова саботно попладне.
„Милионерите“ демонстрираа сила, со 5-1 го декласираа солидниот Фрајбург и покажаа кандидатура за врвот на табелата. Средбата на „Сигнал Идуна Парк“ понуди израмнет прв дел, во кој веројатно пресуден беше црвениот картон на Силдилиа. Борусија поведе преку Шлотербек, а Холер израмни пред паузата (1-1). Вториот дел во целост им припадна на домаќините, кои преку Адејеми, Халер, Брандт и Реина дојдоа до убедлив триумф. Симпатичен момент е погодокот на Себастијан Але, кој стрелаше првпат по враќањето по хемотерапијата и паузата од фудбалот.
- Борусија Дортмунд - Фрајбург 5-1:
Унион Берлин го одбрани врвот во Бундеслигата, откако славеше на домашниот натпревар со Мајнц 05 со 2-1 (1-0). Бехренс донесе предност за берлинскиот клуб, а иако Ингвартсен пред финишот израмни од пенал, човек на одлука беше резервистот Зиебачеу.
- Унион Берлин - Мајнц 05 2-1:
На останатите терени убедлив триумф запиша и Бохум против Хофенхајм (5-2), Ајнтрахт беше сигурен против Херта (3-0), а Келн и РБ Лајпциг одиграа без погодоци (0-0).
- Келн - РБ Лајпциг 0-0:
Попладнево се игра дуелот меѓу Борусија Менхенгладбах и Шалке 04.