ВИДЕО: Але првпат заигра за Дортмунд, Аугсбург падна во шоу од седум гола!

Во натпревар кој беше вистинско уживање за сите фудбалски фанови, Борусија Дортмунд го совлада Аугсбург со 4-3 (2-2). Дуелот од 16. коло на Бундеслигата ќе се памети по враќањето на Але на терените по болеста и долгата пауза, но и по прекрасните голови на Белингем, Демировиќ и Реина.

  • Извештај од натпреварот: 

Од почетокот можеше да се претпостави дека натпреварот ќе биде енергичен и полн со голови и возбудувања. Најдобриот фудбалер на Борусија Дортмунд, Џуд Белингем ја материјализира подобрата почетна фаза на „жолто-црните“ и со ефектен гол во 29. минута го отвори резултатот. Сепак, единаесет минути подоцна Мајер се најде на вистинското место и совладувајќи го Кобел израмни на 1-1.

Во 42. минута екипата на Терзиќ возврати со гол на репрезентативецот Нико Шлотенберг, на додавање на Брандт и ново водство на Борусија Дортмунд. Првото полувреме го заврши Демировиќ со ефектен гол за 2-2 во последните мигови пред одморот.

Домашниот стручен штаб комплетно го засили нападот и со офанзивен систем на игра Борусија Дортмунд тргна по трето водство. 18-годишниот Англичанец Бајно-Гитенс во 75. минута го постигна вториот гол во сезоната, прв на „Сигнал Идуна парк“ и ги израдува домашните фанови (3-2). На дебито во Бундеслигата, Чолина постигна гол за израмнување на 3-3 и нов аларм во домашниот табор. Сепак, со евро-голот на Клаудио Реина во 78. минута, Борусија Дортмунд стигна до победа од 4-3. Во лудиот финиш гостите од Баварија имаа зицер за израмнување, но Демировиќ од непосредна близина го префрли голот на домаќините.

Со оваа победа Борусија Дортмунд изби на шестото место со 28 бода, а Аугсбург остана на петнаесеттото место со 15 бода. 

Состави

Edin Terzic

4-2-3-1

    Enrico Maassen

    4-4-2