• Горан Упале

Според германски Билд, напаѓачот на Борусија Дортмунд, Себастијан Але, од јануари ќе им се врати на тренинзите со топка на својот тим, откако летово му беше дијагностициран рак на тестисите.
Але дојде во Дортмунд од Ајакс за триесет милиони евра и тоа непосредно пред да ја открие незгодната болест. Поради тоа досега не одигра ниту една минута за Борусија Дортмунд, но се очекува напролет да дебитира во дресот на „милионерите“.
„Билд“ пишува дека Але нема да има притисок од клубот за што поскоро да се врати на терените, туку за Борусија најважно е неговото здравје и правилниот тренажен процес за враќање во посакуваната форма.
Поранешниот играч на Ајнтрахт, Вест Хем и Ајакс беше на Светското првенство во Катар каде доби покана да биде почесен гостин.