• Мартин Танасковски

Себастијан Але ги израдува фудбалските фанови со враќањето на терен по борбата со ракот на тестисите и долгите терапии. Играчот кој беше донесен како големо засилување за Дортмунд заигра на пријателскиот натпревар со Базел и блесна.
Офанзивецот кој меѓу „милионерите“ дојде од Ајакс ја победи лошата болест и повторно го прави она кое го сака. Влезе на мечот меѓу Дортмунд и Базел кој се играше во квартали по 30 минути и блесна со хет-трик.
Але во период од седум минути даде три гола. Од 81. до 88. минута ја тресеше мрежата на Базел а тоа навивачите го примија со големо одушевување. Блескава презентација на играчот, кој во клубот беше донесен како замена за Ерлинг Халанд