• Мартин Танасковски

Екипата на Борусија Дортмунд дојде до тешка победа на гостувањето кај Мајнц (1-2) и се вклучи во битката за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите.
Дуелот понуди два брзи гола, во 2. и 4. минута, но за победничкиот гол се чекаше на судиското надополнување. Мајнц поведе прв по 120 секунди преку Ли Јае-Сунг, а Риерсон две минути подоцна израмни на 1-1.
Иако се имаше многу шанси, на победничкиот гол на мечот се чекаше до 93. минута. Себастијан Але, кој влезе во второто полувреме, асистираше до Реина, а тој ја смести топката во мрежата на Мајнц за голема радост.
- Извештај од натпреварот:
За Дортмунд ова беше десетта победа сезонава. Тимот има 31 бод, еден помалку од второпласираниот РБ Лајпциг, а пет помалку од лидерот Баерн Минхен.