ВИДЕО: Алчевски одбрани пенал, но не успеа да го спаси Хапоел Ерусалим од пораз

Македонскиот голман од редовите на Хапоел Ерусалим, Марко Алчевски, забележа солиден настап за својот тим на натпреварот против Макаби Бнеи Раина и успеа да одбрани пенал во 70. минута. 

Нашиот чувар на мрежата не можеше да го спаси тимот од пораз со конечни 2-1, но барем беше на висина на задачата при пеналот кој не го реализираше Гај Хадида, а потоа одбрани и уште еднаш при вториот обид на домашниот напаѓач Алтман. 

Хапоел Ерусалим е второпласиран на табелата во плеј-аутот на израелскиот шампионат, а во следното коло ќе се соочи со екипата на Макаби Петах Тиква. Алчевски доби шанса во првиот тим после подолго време и покажа дека поседува квалитети на кои стручниот штаб треба да смета почесто во иднина.