Алчевски: Ни треба поддршка, спремни сме 200% за Воска!

Овој викенд два натпревари се со предзнакот директни дуели за опстанок, а таквите вредат поеќе од три бода. Брера ќе ја пречека Воска Спорт во Турново, а од исходот на овој дуел директно ќе зависи изгледот на табелата во последниот месец од шампионатот.

Капитенот Марко Алчевски покажа респект за охриѓани, но потврди дека е силно мотивиран, како и цела екипа. 

„Од нас може да очеувате само 200%, бодовите се неопходни и ни треба поддршка. Воска Спорт е квалитетен противник, игра полуфинале на Купот и неслучајно има предност во првиот натпревар. Имаат добар тренер како Захариевски, кој е веќе афирмиран на нашите простори.

Сепак, Брера ќе игра на победа, како и секогаш“, реча капитенот Алчевски.

Тренерот Бојан Круљ верува дека „Кукуш“ ќе биде полн и публиката ќе има што да види.

„Ни следи незгоден ривал, а ние доаѓање по поразот од Тиквеш. Не ни беше пријатно, но професионалци и верувам дека ќе се издигнеме. Очекувам полн стадион, расположението е одлично, ја анализиравме Воска и верувам позитивен резултат. Стартниот тим е формиран и секој игра кој игра се очекува максимум“, заврши Круљ.

Во првиот дел од шампионатот овие две екипи одиграа 1-1 во Охрид.