ВИДЕО: Алчевски фати два пенали, Македонија У21 подобра од Финска

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година го одигра вториот контролен натпревар во Турција и ремизира со Финска (1-1) во рамки на подготовките за квалификациите за Европското првенство (ЕП) во регуларниот дел, а по пенали победи со вкупни 6-5.

По поразот од Летонија (0-3), избраниците на Драган Канатларовски имаа предност и игра против Финска, но едно невнимание во вториот дел им овозможи на Финците да дојдат до реми и се изведуваа удари од белата точка во кои Марко Алчевски се покажа на дело и им фати два шута на ривалите.

  • Головите на натпреварот (1-1):

Во првото полувреме, капитенот Марио Илиевски беше срушен во казнениот простор, одговорноста од белата точка ја презеде Берат Калкан кој го совлада финскиот голман за предност, иако тој ја прочита страната на пеналот. На самиот старт на вториот дел, Финците по изедначија со една топка во длабочина и шут по земја.

  • Пеналите на мечот во Турција (5-4):

Откако натпреварот заврши без победник, следеа пенали. Финска имаше сигурен изведувач, па Македонија У21 промаши преку капитенот Илиевски. Алчевски потоа фати пенал и го врати тимот на Канатларовски во игра, па следеа сигурни пенали на Крстевски, Николов и Фета за Македонија. Откако Алчевски одбрани нов удар од белата точка, Имран Фетаи ја презеде одгово

Македонија У21 ја чека уште еден контролен меч во Турција, кој се игра против Словачка (28 март).