Алчевски: Ајде Хапоел, овој клуб е вистинско место за мојот развој

Младиот македонски голман, Марко Алчевски кариерата ќе ја продолжи во Израел. 22-годишниот чувар на мрежата во новата сезона ќе го чува голот на Хапоел Ерусалим, клуб со кој потпиша договор на една сезона.

Во презентацијата во новата средина Алчевски изјави дека е среќен што ќе ги брани боите на овој клуб.

„Среќен сум што потпишав за Хапоел Ерусалим. Убеден сум дека овој клуб е најсоодветно место за мојот развој и возбуден сум што ќе најдам нов дом тука. Ќе дадам сè за тимот да ги оствари своите цели. Ајде Хапоел!“, изјави нашиот голман.

Минатата сезона Алчевски бранеше на 29 натпревари во ПМФЛ, прими 25 гола, а на десет натпревари успеа да сочува „чиста мрежа“.