Албански репрезентативец за малку не изгорел жив во своето Ферари

Албанскиот репрезентативец, Елсеид Хисај, доживеал страшна ситуација во која за малку не изгорел жив во своето Ферари кое вреди над 160.000 евра, јавуваат италијанските медиуми. 

Хисај бил заедно со таткото на неговата сопруга, кога вратите наеднаш се блокирале и имале проблем да излезат од автомобилот кој веќе бил во пламен. 

„Навистина не знам што се случи. Автомобилот наеднаш се запали и имавме мали проблеми додека да излеземе од него. За среќа, успеавме бргу да најдеме начин и се спасивме, автомобилот гореше со огромна брзина“, изјави Хисај. 

30-годишниот Албанец настапува за Лацио од 2021 година и досега забележа 78 настапи за римскиот гигант. Во дресот на националниот тим има 83 натпревари и два постигнати гола.