Албански Кукс се интересира за Дамјан Шишковски

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски би можел кариерата да ја продолжи во Албанија, каде интерес има од редовите на Кукс.

Чуварот на мрежата моментално е без клуб, затоа што пред извесен период го раскина договорот со фински Лахти. Шишковски веќе разгледува понуди, а една од нив доаѓа од Албанија каде му се нуди сигурен првотимски статус.

23-годишниот Шишковски кариерата ја почна во Работнички, а потоа настапуваше уште за белгиски Гент и фински Лахти.