Албанската фудбалска федерација со благодарост до ФФМ за совршената организација во Струмица!

Можеби беше изненадувачка одлуката на Фудбалската федерација на Македонија квалификацискот меч против Албанија да не се игра во Скопје, туку на стадионот „Младост“ во Струмица, но по завршувањето на истиот уште еднаш докажа дека е зрела за организирање на големи фудбалски настани, па макар тие биле од висок ризик каков што беше натпреварот во вторникот. 

Дека натпреварот беше организиран на високо ниво, потврди и Фудбалската федерација на Албанија, која испрати писмо до ФФМ во кое е изразена голема благодарност за совршената организација за време на самиот натпревар, како и за гостопримството, сместување и одличните услови за работа. 

Мечот во Струмица заврши без некој поголем инцидент, освен почетните провокации од страна на навивачите на двете селекции, додека со голот на Трајковски од пенал нашата репрезентација стигна до реми, кое судејќи по шансите на мечот е повеќе од заслужено.