ВИДЕО: Албанска мафија вмешана во скандал со Гранит Џака, еве зошто се води истрага

Џака

Гранит Џака е под истрага поради наводно учество со скандал во обложување. Фудбалерот на Арсенал заработи жолт картон против Лидс Јунајтед, кога на семафорот стоеше 85. минута и 1-4 во корист на лондонскиот тим.

„Дејли Мејл“ пишува дека албанската мафија и поранешен албански фудбалер се вмешани во целата ситуација. Наводно, биле вложени речиси 60.000 евра дека Џака ќе добие јавна опомена на оваа средба и тоа во последните десет минути од мечот. Се споменува името на Албан Јусуфи, кој во минатото бил осуден поради обид да поткупи голман.

Во моментите пред судијата да му покаже жолт картон, Џака на препознатлив начин задржуваше време и не сакаше да го изведе прекинот. Меѓутоа чудно во целата ситуација е тоа што тој се обиде да го прави тоа кога прашањето на победникот беше одлучено, со оглед на резултатот на семафорот.