Македонскиот фудбалер Филип Најдовски си замина од Тирана затоа што му истече договорот, но се случува пресврт и тој може да биде дел од албанскиот клуб и во иднина.
Фудбалскиот клуб Тирана откри дека има нов спортски директор. Станува збор за поранешниот македонски репрезентативец Агим Ибраими. Тој е подготвен за ново поглавне во кариерата и ќе работи како спортски директор на Тирана. Во редовите на овој клуб на заминување е македонскиот интернационалец Филип Најдовски.
Македонскиот фудбалер Давид Атанаскоски ќе има нов клуб во периодот кој следи затоа што си заминува од Албаниија каде го носеше дресот на Партизани Тирана.
Македонскиот интернационалец Филип Најдовски, кој три сезони блескаше во албанскиот прволигаш Тирана, следниот месец заминува од главниот град на нашиот западен сосед. Имено, поранешниот фудбалер на Вардар се наоѓа на истек на договорот и ќе побара нов предизвик во кариерата.
Македонскиот интернационалец Филип Најдовски, кој веќе трета година е дел од албанскиот прволигаш Тирана, е избран во идеалниот тим за 2023 година во тамошното првенство.
Зимскиот преоден рок не започнал, а веќе се прават првите комбинации, преговори и зделки во мак-фудбалот. Скоро сигурно нашите клубови ќе почнат битка за дефанзивецот Антонио Илиески, кој раскрсти со еден од најдобрите албански клубови.