• Мартин Танасковски
Албанскиот фудбал ќе го добие новиот шампион преку „фајнал-фор“ турнир, а мечот за титула ќе го суди најдобриот светски судијаа.
Паровите во полуфиналето се Егнатија - Партизани и Влазнија - Динамо Сити, а победниците од овие дуели ќе играат финале за трофејот.
Претседателот на Албанската фудбалска федерација, Арманд Дука, откри дека финалето ќе го суди полскиот арбитар Симон Марчињак. Се работи за судија кој го судеше финалето на СП 2022.
Мечот за титула во албанскиот фудбал ќе се игра на 12 мај.