Албанија ќе има нов селектор, Панучи доби отказ по поразот од Турција 

Фудбалската репрезентација на Албанија со пораз ги стартуваше квалификациите за Европското првенство 2020 година, откако пред своите гледачи со 0-2 загуби од Турција

Новиот неуспех на нашиот сосед беше кобен за поранешниот прославен фудбалер, Кристијан Панучи, кој денес заработи отказ од функцијата селектор на Албанија. 

„Сакаме да му се заблагодариме на Панучи за соработката во изминатиов период и му посакуваме многу успеси во иднина. Ервин Булку и Сулејман Мема ќе ја водат селекцијата на вториот квалификациски натпревар против Андора", соопшти Фудбалската федерација на Албанија. 

Некогашната ѕвезда на Рома и Милан во редовите на Албанија се пресели пред две години, како замена на неговиот сонародник Де Бјази, но не се прослави. Под негово водство селекцијата забележа само четири победи, две реми средби и дури девет порази. 

Европско првенство, Квалификации, Група H
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТурцијаТурција 8 6 1 1 16:3 13 19
2 ФранцијаФранција 8 6 1 1 21:5 16 19
3 ИсландИсланд 8 5 0 3 12:10 2 15
4 АлбанијаАлбанија 8 4 0 4 14:10 4 12
5 АндораАндора 8 1 0 7 1:16 -15 3
6 МолдавијаМолдавија 8 1 0 7 2:22 -20 3