ВИДЕО: Албанија ја изненади Турција среде Анталија и со победа ја заврши годината

Фудбалските селекции на Турција и Албанија на фантастичен начин ја завршија календарската 2017 година, со меч на кој беа постигнати пет гола, а можеше најмалку уште толку. 

На „Анталијa арена" на крај славеа албанските фудбалери, кои извојуваа изненадувачка победа над големиот фаворит од 2-3 (0-2). Момците на Панучи отворено го започнаа мечот и со двата гола во првиот период на Садику ги занемија турските фанови. Домаќинот по само две минути игра во продолжението намали на 1-2 преку Ундер, но Грезда на асистенција на Садику донесе ново високо водство на Албанија (1-3). Конечните 2-3 беа дело на нововлезениот Акбаба во 60. минута. Албанија од 41. минута играше со играч помалку, бидејки два жолти картони доби Мемушај. 

Селекцијата на Албанија оваа година ја заврши со скор од три победи, едно реми и пет порази, додека Турција славеше на четири меча, два одигра без победник, а загуби на четири.