ВИДЕО: Албанија го доби клучниот меч со Белорусија и патува во Лига Б

Фудбалската репрезентација на Албанија приреди голем успех во Лигата на нации, откако вечерва стигна до посакуваната победа во клучниот меч против Белорусија (3-2) и како провопласирана селекција во групата во Лига Ц патува во Лига Б од новото натпреварување на УЕФА. 

Избраниците на италијанскиот стратег Едуардо Реја без многу проблеми го решија денешниот противник, откако големата победа ја обезбедија уште во првите 45 минути од натпреварот во Тирана. Напаѓачот Цикалеши за само седум минути (20. минута и 27. минута) двапати ја стресе гостинската мрежа и Албанија поведе со 2-0. 

  • Албанија - Белорусија 3-2:

Белорусите неколку минути подоцна се вратија во игра и преку Кавјанш намалија на 2-1, но пред крајот на првиот дел Манај беше на висината на задачата и ја одведе Албанија на комотни 3-1. Во вториот дел гостите само успеаја да го ублажат поразот и конечните 3-2 ги постави Ебонг во 80.минута.

  • Казахстан - Литванија 1-2: 

Со овие три бода Албанија групата 4 ја заврши на челната позиција со 11 бода, еден повеќе од Белорусија, додека три повеќе од Литванија, која вечерва со гол во самиот финиш со 1-2 славеше на гостувањето кај Казахстан.