Албанија доби казна од 30.000 франци за „УЧК“ и „Илирида“ во Струмица

Фудбалската федерација на Албанија ќе мора да плати парична казна поради недолично однесување на нивните навивачи на дуелот против Македонија кој во рамки на циклусот за Светското првенство во 2018 година се одигра во Струмица, одлучи ФИФА.

Светската куќа на фудбалот на Албанците им испорача фактура во висина од 30.000 франци, а причина е недолично скандирање за време на мечот. Во неколку наврати, албанските навивачи кои беа околу 300, извикуваа „УЧК“, „Илирида“, и останати политички провокации, кои се оценети како национализам.

Казна доби и Македонија, од 5.000 швајцарски франци, поради фрлање на тврди предмети и користење на пиротехника. Дуелот меѓу Македонија и Албанија заврши со резултат 1-1 (0-0).