ВИДЕО: Албанија немоќна против Шкотска, Романија лесно ја совлада Литванија

Фудбалерите на Албанија во рамките на лига Ц на Лигата на нации, во Скадар се поразени од репрезентацијата на Шкотска со 0-4 (0-2) и ги загубија сите шанси за пласман во плеј-оф завршницата. Во последното коло Шкотска ќе мора во Глазгов да го совлада Израел доколку сака да го освои првото место во групата 1.

Шкотите подобро го отворија натпреварот и со голот на Фрејзер во 14 минута поведоа со 0-1. Само осум минути подоцна работата на островјаните им ја олесна Маврај, кој поради неспортско однесување доби црвен картон. Во самиот финиш на првиот дел, од пенал Стивен Флечер зголеми на 0-2 и ја најави победата на гостите. Во второто полувреме, и покрај високото водство, избраниците на Меклиш продолжија со нападите и pо двата гола на Форест, во 67. минута поведоа со убедливи 0-4, што на крајот беше и конечен резултат.

Во вториот натпревар од истиот термин во рамките на лига Ц, фудбалерите на Романија славеа убедлива победа од 3-0 против Романија и ги задржаа минималните шанси за освојување на првото место. За тоа да се случи, во последното коло Романија треба да ја совлада Црна Гора, а Србија да биде поразена од Литванија на домашен терен. Стрелци на голвоте за Романија беа Пушкаш, Кесери и Станчиу. Последните мигови од мечот гостите ги одиграа со човек помалку по исклучувањето на Новикус.

УЕФА Лига на нации, Лига Ц, Гр. 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ШкотскаШкотска 1 4 3 0 1 10:4 6 9
2 ИзраелИзраел 1 4 2 0 2 6:5 1 6
3 АлбанијаАлбанија 4 1 0 3 1:8 -7 3